| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Њјуорк, има мртви (Фото)

Шеф на градежна компанија денес е застрелан во западниот дел на Менхетен во Њјуорк. Час подоцна полицијата во Њујорк го најде мртов и убиецот – колега на жртвата, кој се самоубил по ужасната постапка, соопшти nydailynews.com.

Зградата каде што е убиен градежниот работник веднаш е евакуирана од полицијата во Њујорк. „News4“ го цитира колегата на убиецот, според кој бил многу добар со сите, но последниве месеци имал психички проблеми.

Тој работел за градежната компанија, но заминал пред неколку дена, сè уште нема податоци за тоа дали тој бил отпуштен или одлучил доброволно да замине. Полицијата, исто така, открива дека поранешниот вработен го застрелал неговиот шеф со еден истрел во главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top