Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години одигра нерешено против селекција на Словачка во натпревари од пред квалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Европското првенство.
Во рамките од 2. коло на 8 група на турнирот што се одржува во Скопје, младите македонски фудбалери како и на првиот дуел против БиХ и денеска одиграа меч без голови 0:0, овојпат против врсниците од Словачка.
Избраниците на Горан Станиќ одиграа тежок меч против Словаците, пред се поради фактот дека противникот речиси целиот натпревар играше со играч повеќе, откако уште во 9. минута Давид Тошевски поради остар старт беше исклучен, односно доби директен црвен картон.
И со овој освоен бод нашите младинци ја задржаа шансата за пласман во елитната група, но под услов да ја победат селекцијата на Молдавија која денеска во вториот меч беше убедливо совладана од БиХ со 4:0.
По два одиграни натпревари, на првите две места кои водат во следната рунда се БиХ и Словачка кои имаат по четири бодови, пред Македонија со 2 и Молдавија без освоен бод.
Последното, трето коло ќе се игра во недела (8 октомври) со почеток во 15:00 часот, а Македонија и Молдавија ќе играат на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, додека Словачка – БиХ на стадион „Борис Трајковски во населбата Маџари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


