Moќниот брунејски султан прослави 50 години од доаѓањето на власт во богатата нафтена држава на југоистокот на Азија возејќи се во позлатена кочија на традиционалната свеченост во неговата огромна палата.
Десетина илјади луѓе кои излегоа на улиците во престолнината Бандар Сери Бегавана мавтаа со знамиња и со мобилните телефони ја снимаа поворката на султанот Хасанал Болкиах, еден од најбогатите луѓе на светот кој со сопругата седеше во кралската кочија што ја влечеа повеќе од десетина негови поданици.
Оркестрите на народната музика учествуваа во свечената поворка, која го означи врвот на двонеделното славење во чест на вториот најстар крал на должност на светот, по англиската кралица Елизабета Втора.
По абдикацијата на татко му во 1967 година, Хашанал Бокиах суверено владее во оваа тропска земја на Малајскиот Полуостров, на северот на островот Борнеа, каде што има огромни залихи нафта и плин.
Султанот е сопственик меѓу другото и на хотелскиот синџир на „Дорчестер колекшн“, во чиј состав спаѓаат и париската „Плаза Атена“ и угледните хотели во Лондон, Милан, Рим, Бел Ер и Беверли Хилс во Лос Анџелес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст