| четврток, 6 декември 2018 |

Весна се присети наТоше: Знаеш бејби, нас никогаш нема да не сакаат такви какви што сме ,нас не гледаат како готово пакетче

За Весна Петрушевска, како и за многумина кои добро го познаваа Тоше Проески, октомври е месец на тага, жал, непребол…Познатата актерка често се потсетува на починатиот македонски ангел, а во денешниот пост опишала една нивна средба…Последното интервју на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески се случи во нејзината емисија, само неколку часа пред неговата смрт. Весна Петрушевска која постојано го поддржуваше …

„5.10 .2007-5.10.2017 ….Десет години и ниту една емоција не се измени,истата жестина,истата страст,истата љубов….
*Знаеше дека треба да живеам на Рузвелтова 3 и сакаше да поминеме да го види станот …..имаше мајстори ,се смееше …..Влеговме во кола и пак истиот муабет:Дали си сигурна?
Му велам :Ама зошто ме прашуваш ?
Ми се заврте,ме бакна,ме гушна ме тргна од себе и ми ја кажа можеби најголемата вистина :
“Знаеш како бејби,нас никогаш нема да не сакаат такви какви што сме ,нас не гледаат како готово пакетче ,орден ,нешто со што сакаат да се пофалат .Никогаш нема да знаеш зошто е некој со тебе .*
*А,ти го сакаш ?*-ме праша .
Јас како секоја жена пред свадба како од пушка:ДА!
Се сврте шеретски се насмеа го запали автомобилот и продолжи да ми зборува :
*Така е и со пријателите ,не знаеш зошто се до тебе ..кога немав за леб никој немаше до мене освен моите ,кога се враќам нов ,подготвен се околу мене ..Да размислиш уште еднаш ?*-пак тој се врати со својата мака за мене.*
ТРОФЕЈ“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top