| четврток, 6 декември 2018 |

Додека сите мислеа дека се непријатели, Пике и Рамос се впуштија во заеднички бизнис

Веста дека двајцата легендарни играчи за Шпанската репрезентација станаа ортаци го обвзема светот набргу и остави многу во шок, бидејќи повеќето беа свесни за нивниот комплициран однос низ годините, исто како и останатите работи во Шпанија во моментов.

Иако ривалството помеѓу кралскиот клуб Реал Мадрид и Барселона ги направи двајцата големи ривали, и постојаните вести на медиумите кои додаваат масло на оганот велејќи дека тие двајца не комуницираат, голем дел од тоа не е вистина.

Тие двајца го докажаа сосема спротивното на светот, кога се впуштија во договор за заеднички бизнис, а тука станува збор за отварање на европска платформа на популарната playerstribune.com, која неодамна се стекна со слава.

Токму оваа програма доби огромно внимание како резултат на тоа што дава можност на врвни спортисти да пишуваат разноразни работи во врска со својата кариера, животот надвор од теренот, и нивните години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top