| четврток, 6 декември 2018 |

Колку луѓе би загинале ако Северна Кореја ги нападне Сеул и Токио?

Проценка направена од страна на воени експерти за тоа колку луѓе би го загубиле животот во евентуални нуклеарни напади на Северна Кореја на Сеул и Токио изнесува 2,1 милиони, а повредени би биле 7,7 милиони лица.

Американскиот портал 38 North, кој ги следи воените активности на Северна Кореја објави проценки направени од експерти околу можните последици од севернокорејските напади на главните градови на соседните држави Јужна Кореја и Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Проценката е објавена во екот на тензиите и се почестите закани кои ги упатува Пјонгјанг.

Авторот на текстот Мајкл Загурек наведува проценката е направена врз основа на сознанија за тоа со колкав балистички арсенал располага Северна Кореја.

Режимот во Пјонгјанг поседува најмалку 25 приспособени нуклеарни проектили со јачина меѓу 15 и 250 килотони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top