Со недели не работат два од трите апарати за компјутерска томографија на Институтот за рендгенологија, а листите на чекање веќе се километарски, објави Сител. Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски и директорите на ГОБ „8 Септември“, Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и поликлиниката „Јане Сандански“ денеска договориле пациентите од Клиника да бидат препраќани во овие установи за снимање. Засега никој не сооштува колку долго болните ќе чекаат за да ја добијат оваа услуга имајќи предвид дека и таму постојано реагираат со големиот број на снимања на КТ.
Неофицијално дознаваме дека на Рендген прво се расипал едниот а потоа и вториот апарат а причината била големата преоптовареност. Третиот кој останал во функција го користеле само за пациенти во животна опасност.
За овој сериозен проблем на скопските клиники Чакаровски за Сител изјави дека во текот на утрешниот ден ќе го повикале сервисерот кој треба да каже дали неопходниот дел го има во државата или ќе мора да го набават од странство. Тоа дополнително ја одолговлекува и отежнува грижата за пациентите бидејќи не се знае кога ќе бидат во функција апаратите за КТ.
Заменик-министерот ќе побарал и од болниците во другите градови за пациентите кои мора да дојдат на скопските клиники да ги праќаат со веќе готови снимки.
-Според евиденцијата од Мој Термин, околу 2000 лица овој период имале закажани снимања на двата апарати за комјутерска томографија. Неизвесно е на колку од нив навреме ќе им биде направена оваа дијагностичка процедура и колку ова пролонгирање ќе влијае на здравствената состојба на пациентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст