Во повеќе градови во државата шести ден нема инсулин. Пациенти од Тетово за Нова ТВ потврдуваат дека нема неколку видови на инсулин и дека биле вратени од инсулинската аптека.
-Во 12 и 30 часот бев ме вратија и мене, нема од инсулинот кој го користам и не знам што да правам. Ова не е првпат, секој месец се случува по неколку дена да нема инсулин“, изјавил за Нова ТВ, Душко Игневски, пациент и претседател на здружението на лица со дијабетес од Тетово.
Инсулин нема и во други градови. Страшо Блажевски, дијабетичар и член на здружението од Македонски Брод вели дека нема веќе инсулин дома и затоа морал да земе од друг вид кој не му одговара на организмот.
-Кога отидов во аптека, ми рекоа дека имало многу повратници од странство и заради тоа им скратиле од количините на инсулин овој месец. Ми рекоа дека ќе ми јават кога ќе стигне пратката со инсулин. Јас немам ниту едно пенкало, користам друг инсулин но шеќерот ми се качува, никако да се стабилизира“, изјави Блажевски за НОВА.
Тој објаснува дека минатата година секој месец на пациентите со дијабетес им било кратено по едно пенкало инсулин, а лекот доцни секој месец. Но, не е само инсулинот во прашање. Пациенти од Скопје кои до вчера не можеа да подигнат инсулин денеска успеале да земат но, не им дале игли така што немаат со што да го ставаат инсулинот.
За разлика од пациентите со дијабетес, во Министерството за здравство тврдат дека во моментов во државава има доволно потребни количини инсулин, игли и ленти за инсулин. Од таму тврдат дека имало технички проблем во дистрибуцијата но, не објаснија за каков технички проблем станува збор.
„Во овој случај, станува збор само за технички проблем настанат при самата дистрибуција и истиот е веќе надминат по насока на стручните служби на Министерството за здравство. Веќе се дистрибуираaт потребните количини во инсулинските аптеки низ државата, додека во Скопје е завршена дистрибуцијата и потребниот инсулин може да биде подигнат од страна на пациентите“, се вели во одговорот на Министерството за здравство.
Пациентите со дијабетес во последните неколку години постојано имаат проблем со инсулинот кој доцни секој месец. Тие се организираат преку социјалните мрежи и здруженијата при што си позајмуваат инсулини едни на други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст