| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска забрани убивање на бездомни животни

Хрватскиот Сабор изгласа Закон за заштита на животните, со кој се забранува убивање на бездомни животни и формирање на најмалку едно „не убивај“ засолниште на подрачјето на секоја регионална единица, во кое би биле сместени најмалку 50 животни.

Со Законот сите единици на локалната самоуправа се обврзни да ги финансираат засолништата за бездомните животни.

Законот предвидува и контрола на популацијата на „несакани“ кучиња и подобар надзор над одгледувањето на кучињата. Хрватските власти очекуваат дека бројот на напуштени кучиња ќе се намали и дека поголемиот број постоечки засолниште ќе можат да ги прифатат сите напуштени животни.

Во новиот Закон има одредби и за заштита на животните и дополнителни забрани за неодговорно постапување кон животните. Меѓу другото е забрането да се пука во животни без оглед на видот на оружје, освен во случај за заштита на луѓето и животните, а исто така е казниво фрлање петарди и други пиротехнички средства врз животните.

Забрането е држење и користење на диви животни освен во зоолошките градини.

Новиот закон предвидува и забрана за одгледување на кучиња со купирани уши и опашки, со исклучок на ловечките кучиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top