Кандидатот за градоаначлник на Општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев денес промовираше проект, со кој како што рече, ќе обезбедат помош и поддршка на младите велешани да заработуваат на интерент.
-Нашите млади сограѓани, се покажаа пред светот дека поседуваат огромен потенцијал и вештини за работа со интернет маркетинг. Ние го препознаваме овој потенцијал и сакаме него да го поттикнеме и правилно да го насочиме. Општината предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе им помага на сите млади велешани на правилен начин да заработуваат на интерент. Во таа насока, во новиот мандат ќе го реализираме проектот СТАРТАП БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА НУДЕЊЕ НА МАРКЕТИНГ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРЕНТ. Овој Центар ќе овозможи правилно искористување на сопствениот потенцијал кој го поседуваат голем број наши млади сограѓани, но и нивна едукација за понатамошен развој и продлабочување на знаењата и вештините за овој вид на услуги, нагласи Чадиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст