| четврток, 6 декември 2018 |

Три деца исчезнаа во ист ден – македонската полиција на нозе

Три деца исчезнаа, македонската полциија ги бара. Во 19 часот и 30 минути во Полициска станица Прилеп, А.Ј. од Прилеп пријавил дека неговата 14 годишна ќерка истиот ден околу 16 часот избегала од дома и отишла вонбрачно да живее со лице од Прилеп.

Од страна на полициски службеници извршени се проверки на посочената адреса но девојчето не е пронајдено.

Исто така, вчера во Полициска станица Чаир вработена во Домот за згрижување деца без родители „25-ти Мај“ во Скопје, пријавила дека во времето од 12,30 до 13,30 часот, од домот во непознат правец се оддалечиле две деца на возраст од 15 и 12 години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top