| четврток, 6 декември 2018 |

Светска банка: македонската економија ќе порасне за 1.4%

Македонската економија ќе се зголеми за 1.4% годинава, проценува Светската Банка во јунскиот полугодишен извештај. Најновата проекција е за 0.4% поотимистичка од јануарската. Очекувањата за 2014-та и 2015-та остануват исти – во следните две години БДП треба да има раст од 2.5 односно 3.5%.

 Домашните експерти сметаат дека ова е позитивен сигнал. Ретко се случува меѓународните финансиски институции да ја менуваат прогнозата на подобро, вели универзитетскиот професор Томе Неновски.
„Тоа ми дава одредена доза на оптимизам дека во одредена мера економската состојба во земјата се стабилизира на што веројатно укажуваат и остварените движења во индустриското производство… Веројатно тоа темпо на позитивно движење ќе се задржи до крајот на годината“ вели универзитетскиот професор Томе Неновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top