Ад хок комисијата што треба да ги истражи настаните во Собранието од 24 декември утре ќе и формално ќе се конституира, јавува „Алфа“.Претседателот на ова тело Борче Давитковски и членовите Благородна Дулиќ, Илија Димовски, Љубомир Фрчковски и Рената Треневска-Дескоска својот прв состанок ќе го одржат во 13 часот во претседателската вила „Водно“.
На средбата треба да се постигне договор за динамиката но и за начинот на работа на комисијата. Бидејќи се уште не се знае како ќе се носат заклучоците и одлуките на ова експертско тело. Комисијата која следните состаноци ќе ги држи најверојатно во Собранието, одлуките за настаните од 24 декември минатата година, според првомартовскиот политички договор треба да ги донесе најдоцна за два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


