| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го победи дури и папата Фрањо: Стана најследениот светски лидер на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп е најпопуларниот светски лидер на Твитер, надминувајќи го по бројот на „следачи“ дури и папата Франциско, покажуваат податоците на њујоршката компанија за односи со јавност, „Барсон-Марстелер”.

Со речиси 40 милиони следбеници, Трамп изминатиот викенд изби на врвот на листата од околу 890 светски лидери, додека поглаварот на Римокатоличката црква, му е „веднаш зад петици“.

Шефот на дигиталната служба ЕМЕА (подружница на „Барсон-Мастелер”), Матијас Лифкенс е основач на интернет страницата „Twitplomacy“, каде се следат и анализираат дигиталните политички активности. Тој таму, меѓу другото, истакнува и дека многу од тие профили се неактивни, или пак, тнр. „ботови” (лажни профили).

Трамп често ги објавува владините политики, но и ги истакнува своите, понекогаш и тоа како контроверзни ставови, токму на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top