Синоќа во преполната сала во скопското кино „Милениум“ со филмот „Чик“ на режисерот Фатих Акин се отвори 13. издание на фестивалот на Новиот германски филм.
Од денеска, петти октомври, фестивалот се сели во киното „Фросина“ во рамките на Младинскиот културен центар, каде што ќе бидат прикажани останатите девет филма.
Билетите за седумте филма кои се наменети за публика над 12 години чинат 100 денари, а цената за двата детски филма кои ќе бидат прикажани на 8 октомври е 50 денари.
Особеност на овој фестивал е што филмската понуда не претставува само ексклузивно уживање за скопјани, туку филмовите на престојниот фестивал ќе може да ги погледне публика и во Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица. Проекциите во градовите од внатрешноста се бесплатни.
Останатите девет филма се: комично сатиричниот „Тој е повторно тука“ во режија на Давид Внент, драмата „Поздрави од Фукушима“ во режија на Дорис Дери, научно фантастичниот мистичен трилер „Ние сме плимата“ во режија на Себастиан Хилгер, трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде, детскиот филм „Авантурата на Нели“ во режија на Доминик Весели, филмот за деца и младинци „На иста висина“ во режија на Јоахим Долхопф и Ефи Голдбрунер, драмата „Време на канибалите“ во режија на Јоханес Набер, драмата „Херберт“ во режија на Томас Штубер и драмата „24 недели“ во режија на Ане Зохра Берахед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст