| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров просечен, Нант совладан

Нант не успеа да го добие дерби дуелот во францускиот шампионат, откако на домашен терен беше совлада од Монпеље со 27-30

Нант не успеа да го добие дерби дуелот во францускиот шампионат, откако на домашен терен беше совлада од Монпеље со 27-30. Иако домашниот тим имаше водство од 15-14 по првите 30. минути, во второто полувреме падна. Гостите ја зацврстија одбраната, а во нападот делуваа многу посигурно.

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров мечот го заврши со два гола (еден седмерец) од пет обиди.

За Нант ова беше втор пораз во францускиот шампионат, додека Монпеље дојде до петата победа со која се зацврсти на врвот на табелата.

Лазаров и неговиот тим по овој дуел ќе се подготвуваат за гостувањето кај Барселона во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top