| четврток, 6 декември 2018 |

Од кафеана директ во болница-Жељко Јоксимовиќ го прослави раѓањето на ќерките

Јована Јоксимовиќ на свет ги донесе ќерките Срна и Ана пред два дена, па гордиот татко приреди славење за паметење.

Во моментов славниот пејач со 150 гости го слави раѓањето на близначките во еден локал во српската престолнина, а Жељко издвои неколку минути за со новинарите да ги подели впечатоците за девојчињата, но и самата прослава.

-Коста реагираше одлично на сестричките. Се снаоѓа со нив како да е зрел човек-гордо истакнал Јоксимовиќ, а потоа се пошегувал на сметка на прославата која ја приредил за раѓањето на синот пред четири години.

-Веројатно од кафеана, ќе одам во болница. Така беше и манатиот пат. Мене ми пружаа помош-рекол Жељко, не симнувајќи ја насмевката од лицето.

-Јована и јас се поделивме околу обврските, балгодарение на нејзината одлична организација. Срна е малку помала.Има околу 300 грама помалку од Ана. Двете се исти како мајка им- рекол пејачот на крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top