Гледаме дека секојдневно тоне економијата. 4 и пол месеци исклучиво негативни резултати во економијата. На 15 октомври народот ќе го каже и своето мислење за помрачувањето во економијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во Ресен.
-Почнете од намалениот извоз, јули со јули минатата година извозот се намали за 12 %. Најнов податок денеска е дека извозот во август е намален за 8 и пол проценти во однос на август минатата година. Не е само извозот, намален е БДП за 2%, намалено е индустриското производство, намален е прометот во индустријата за 9,1%, просечната плата која ветуваа дека ќе биде 500 евра, е намалена за 420 денари како просечна плата, намалени се девизните резерви за 172 милиони евра, рече Груевски и додаде дека тоа се работи кои се помрачувања во економијата.
– Немаат никаков фокус на економијата, зборуваат со негатива кон инвеститорите, затоа што во оваа нова влада има газди на фабрики и нив не им одговара да дојдат нови фабрики и да им ги превземаат работниците. И за ова народот ќе се го каже мислењето на 15 октомври. Овие избори се локални, ќе се одберат градоначалници, но овие локални избори се и шанса и време на Македонија да и се случи почеток на заминување на ова помрачување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст