| четврток, 6 декември 2018 |

Изградбата на „Автопатот на мирот“ Ниш-Приштина ќе почне следната година

Според плановите на српската Влада и Европската инвестициска банка (ЕИБ), изградбата на првиот дел од таканаречениот „автопатот на мирот“ Ниш-Приштина ќе почне следната година, изјави министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Зоранa Михајловиќ, којa денеска се сретна со директорот на ЕИБ за Западен Балкан Дубравка Негре.

– Верувам дека овој пат, во кој ќе бидат вложени 212 милиони евра, може да донесе само нови работни места и дополнителни инвестиции за околу половина милион луѓе, кои живеат покрај патот, посочи Михајловиќ.

На констатација на новинарите дека автопатот Ниш – Приштина ќе биде поважен за Косовците, таа одговори дека патот ќе биде важен за целиот регион.

Михајловиќ истакна дека Србија нема излез на море и дека со овој автопат ќе има излез на албанските пристаништа. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top