| четврток, 6 декември 2018 |

Уште колку луѓе треба да бидат застрелани пред Заев да се свести дека со насилство не може да ја смени изборната војла на граѓаните

Само во првите десетина дена имаме искршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, искршен штаб на улица ,,Црвени стени” во Битола и демолиран беше штабот на Демократската партија на Србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. На кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев од страна на полицијата му беше вперуван пиштол и беше малтретиран од страна на припадниците на МВР,но досега никој не понесе одговорност за овој настан. Застрелан беше носителот на независната листа во Кичево Алит Абази, кој во вооружен инцидент тешко беше ранет и е во животна опсност, а воедно ранет беше и шефот на изборниот штаб Дестан Абдиу и Шабан Далити,лица кои биле во друштво со политичарите. Вчера опожарена беше куќата на кандидатот за градоначалник Владо Мисајловски, на ден кога ВМРО-ДПМНЕ требаше да има митинг токму во Општината Ѓорче Петров. Крим полицијата, цел ден не најде за сходно и не излезе на терен да ги испита деталите за опжарената куќа на кандидатот за градоначалник

Уште колку луѓе ќе треба да бидат повредени, уште колку луѓе ќе треба да бидат застрелани, пред СДС и Зоран Заев да се свестат дека со притисок, насилие, закана и загрозување на човечки животи не може да ја сменат изборната војла на граѓаните и нема да можат да го сменат фактот дека на претстојните локални избори ќе доживеат тотален дебакл, вели Славе Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС најавуваше одржување фер и демократски локални избори,но ви изминатите десетина дена изборите се се,само не фер и демократски. Република Македонија под водство на СДС, е сведок на едни од најбруталните, најнасилните и најнедемократски избори во нашата понова историјата,почнувајќи од независност па се до ден денес. Пукање, физички пресметки, злоупотреба на полицијата за изборни цели,закани,искршени штабови,агитирања по членови на изборни комисии се само дел од случувањата кои ја отсликуваат изборната атмосфера која СДС ја создава,поради видната нервоза од се поочигледниот изборен пораз кој им следи на претстојните локални избори на 15-ти Октомври. Само во изминатите десетина дена од официјалниот старт на изборната кампања, имаме десетина случаи насилства ,грубо кршење на изборниот законик, вандализам,ставање на државата во корист на партијата и нарушување на сите демократски начела во еден изборниот процес,а институциите никаде ги нема да реагираат и да ги расветлат овие случаи, вели Трпески.

Тој додава дека вчера Европската комисија ги повика сите институции да обезбедат услови за веродостоен и транспарентен изборен процес, што ќе им овозможи на сите граѓани слободно да ги остваруваат нивните демократски права“.

Во изминатите 4 месеци СДС е на власт ја киднапира целата државата, го суспендираа правото и демократијата, а полицијата и другите институции ги направија свој партиски орган за прогон на политичките неистомисленици. Само во првите десетина дена имаме искршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, искршен штаб на улица ,,Црвени стени” во Битола и демолиран беше штабот на Демократската партија на Србите која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. На кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев од страна на полицијата му беше вперуван пиштол и беше малтретиран од страна на припадниците на МВР,но досега никој не понесе одговорност за овој настан. Застрелан беше носителот на независната листа во Кичево Алит Абази, кој во вооружен инцидент тешко беше ранет и е во животна опсност, а воедно ранет беше и шефот на изборниот штаб Дестан Абдиу и Шабан Далити,лица кои биле во друштво со политичарите. Од страна на полицијата до денеска не се соопштени детали кои го направил овој случај, потенцираше Трпески.

Тој истакна дека пред два дена физички беше нападнат кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Шуто Оризари,Елвис Бајрам,на кој му беа нанесени тешки телесни повреди во делот на главата,со метални шипки,боксирачи и дрвени палки.

Вчера опожарена беше куќата на кандидатот за градоначалник Владо Мисајловски, на ден кога ВМРО-ДПМНЕ требаше да има митинг токму во Општината Ѓорче Петров. Крим полицијата, цел ден не најде за сходно и не излезе на терен да ги испита деталите за опжарената куќа на кандидатот за градоначалник. СДС ветуваше одвојување на партијата од државата,но единствено што гледаме во изминатиот период е дека Зоран Заев и Оливер Спасовски ја користат полицијата како главна алатка за пресметка со политичките опоненти. Злоупотребата на полицијата во изборни цели,стана секојдневие откако СДС е на власт. Полицајците повеќе време посветуваа на партиски задачи, исполнувајќи партиски агенди, наместо да ги работат своите професионални задачи. СДС и Оливер Спасовски ја направија МВР своја партиска експозитура, потенцира Трпески.

Тој вели дека уплашени од нискиот рејтинг кој ко имаат помеѓу граѓаните СДС почна политичка хајка против кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Само во изминатите десетина дена од официјалниот старт на изборната кампања,имаме дури 12 кривични пријави за кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Секој нов изборен ден,нова измислена кривична пријава за кандидатите за градоначалници,надевајќи со лажни пријави измислени и монтирани случаи ќе оцрнат некого и полесно ќе дојдат до изборна победа. Поради флагрантното кршење на изборниот процес од страна на СДС, поради низата насилни инциденти кои ни се случија во изминатиот период,поради пристрасноста и намерното прикривање и учество на МВР во ситео немили настани,го повикуваме Основното јавно обвинителство и В.Д. Јавниот обвинител сериозно да се позанимаваат и да ги расветлат со сите овие изборни нерегуларности. Ја повикуваме ДИК да постапи согласно Изборниот Законик и да го санкционира политичкото агитирање на претседателите на Општинските изборни комисии во Кисела Вода , Охрид и Кратово Воедно по примерот на Европската Комисија ги повикуваме сите меѓународни организации кои ги следат изборите,да ги осудат ваквите изборни инциденти ваквата недомократска атмосфера која СДС ја создава и во која се одвиваат изборите во Република Македонија. Невозата кај СДС е повеќе од очигледна и видлива,со насилства,притисоци и закани,волјата на народот нема да ја сменат,новата ера нема да ја сопрат. На 15-ти Октомври СДС убедливо ќе биде поразен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top