| четврток, 6 декември 2018 |

За РДТ треба да ви бидат платени сметките од јануари 2011 до септември 2017

Управата за јавни приходи информира дека ќе престане да доставува решенија за утврдување на радиодифузна такса, откако согласно измените на Законот за аудио аудиовизуелни медиумски услуги се укина оваа давачка.

Со доставата на решенијата за септември 2017 година, како што наведуваат во соопштението, УЈП ќе прекине со достава на решенија.

Граѓаните и фирмите имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по Решенија за РДТ за периодот jанури 2011 година заклучно со септември 2017 година.

За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картици кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб страницата на УЈП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top