Од Клиниката за очни болести информираат дека се завршени градежните и реконструктивни зафати за реновирање на оперативниот блок и сите хируршки интервенции се вршат во новите оперативни сали. Станува збор за простор од околу 400 метри квадрати, чие последно реновирање беше направено пред речиси 20 години (во 1998 година) и веќе не ги задоволуваше стандардите и потребите на Универзитетската клиника за очни болести.
Бројот на операции неколкукратно е зголемен во изминатите години, на пример во 2007 година се оперираа по 20 пациенти неделно, додека последнава година, во просек, по 100 пациенти се оперирани во една недела.
Како резултат на зголемениот број пациентите за операција на катаракта и големата фрекфенција во оперативниот блок се појави потреба од проширување на просторот со преадаптација и припојување на досегашната библиотека, во составен дел на оперативниот блок.
Паралелно со овој процес е завршенo и реновирањето на стационарот на клиниката, кој зафаќа простор од 900 метри квадратни и каде целосно се обновени болничките соби, нови прозорци, врати, ѕидови, подови, нови болнички кревети, плакари.
Исто така, во меѓувреме се набавени и нови апарати за: фако хирургија на катаракта, за витректомија, за крослинкинг, апарати за стерилизација, за анестезија и други, со кои се овозможија услови за безбедна хирургија, се овозможи зголемување на бројот на оперирани пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст