Унапредувањето на условите за велосипедистите и користењето на велосипедот како рекреативно и превозно средство е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во таа насока се предвидени голем број проекти, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски.
– Унапредување на условите за велосипедистите во Скопје продолжува и во мојата изборна програма се предвидени голем број проекти кои ќе се реализираат во наредните четири години. Најважно е продолжувањето на изградбата на повеќе од 20 километри нови велосипедски патеки, каде најмногу ќе се фокусираме на поврзување на Кисела Вода (Рута 3), како и Бутел и Чаир (Рута 4) со централното градско подрачје и останатите општини, истакна Трајановски.
Покрај овој, дополни, во наредните четири години ќе се реализираат и други проекти за унапредување на условите на користењето велосипеди. Ќе продолжат субвенциите за купување 10.000 велосипеди на граѓаните, поставување нови паркинзи за велосипеди и унапредување на постојниот систем за изнајмување велосипеди на ЈП „Градски паркинг“ со имплементирање нови, софистицирани системи за самоизнајмување велосипеди.
– Градот Скопје пред две години го почна најголемиот проект поврзан со велосипедската инфраструктура изминативе 50 години – „Скопје Велоград“ со кој е предвидена реконструкција и изградба на над 52 километра велосипедски патеки. Досега целосно се завршени Рутите 1 и 2, поврзувајќи ги со нови велосипедски патеки Гази Баба – Центар -Карпош и Аеродром – Центар – Карпош – Ѓорче Петров, истакна Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст