| четврток, 6 декември 2018 |

Илиоски: Во Битола ќе се организира проектот „Натпревар на идеи“

Кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Зоран Илиоски, денеска најави организирање на проект „Натпрвар на идеи“ во кој, како што рече, директно и активно ќе биде вклучен секој граѓанин.

– Ќе почнеме една практика за директно и активно вклучување на секој граѓанин во управувањето со Општината „Натпревар на идеи“, во кој победникот ќе добие и можност и буџет од 20.000 евра за идејата, рамноправно со градоначалникот, партнерски да учествува во реализацијата на својот сопствен проект. Натпреварот кој го почнуваме сега во текот на кампањата, ќе стане традиционална практика преку која секоја година на почетокот на октомври граѓаните ќе имаат можност директно да предлагаат проекти во буџетот на општината за следната година. Авторот на идејата која ќе победи, ќе има можност да биде ангажиран како директен соработник на градоначалникот во реализација на истата. На овој начин ќе поттикнеме проактивност, развој на преприемачкиот дух кај младите и поголема блискост меѓу граѓаните и општината, посочи Илиоски.

Авторот на идејата за време на нејзината реализација ќе има улога на партнер-советник на градоначалникот. Реализацијата на идејата започнува следната календарска година во јануари, беше истакнато на денешниот промотивен настап на кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Зоран Илиоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top