Утре, 5 октомври 2017 година со почеток во 21.00 часот во Кино Култура ќе се одржи концерт на македонскиот џез состав Sethstat и Мирко Попов.
Sethstat i Mirko Popov е навидум неочекувана, но неверојатно добитна музичка комбинација. Кога на моќниот, модерен слободен џез на Сет, го додадете несомнениот дивергентен сонграјтерски потенцијал на М. Попов, излегува потполно ново и потентно сонично животно. На моменти можеби помалку мрачни, но извонредно музикални шлагери кои црпат инспирација колку од џезот, толку и од поп номенклатурата од минатите неколку децении. Оваа комбинација веќе има еден заеднички албум зад себе (Се Плашам од Македонци, PMG Recordings 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП – Лунатика.
Концертот во Кино Култура е трет и последен во низата од 3 промотивни концерти реализирани во рамки на програмата Македонска Џез Квечерина, чија реализација е подржана од Министерство за култура на РМ во рамките на програмата
Нов Културен Бран.
Концерти се одржаа и во Гевгелија – Дом на културата на 28.09.2017 и Струга – Центар на културата на 30.09.2017
Влезот за концертот во Кино Култура е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст