| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски: Изградба на детска градинка и парк во Ново Лисиче

Предвидовме изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, изјави денеска кандидатот за градоначалник во општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски.

– Изградбата на новиот објект подразбира изградба на осум занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 250 деца. Реализацијата на овој проект ќе се спроведе веќе наредната 2018 година, се разбира доколку ја добиеме довербата на граѓаните и за таа намена од буџетот на општина Аеродром ќе одвоиме 45.000.000 денари, изјави Коневски.

Нагласи дека во овој дел од општината, поточно покрај ФФМ во програмата предвидуваат и изградба на еден од најголемите паркови во Република Македонија.

– Овие два и сите други проекти ќе ги реализираме со помош на Советот на општината и затоа е важно граѓаните да ја дадат довербата и на кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, рече Коневски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top