| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанскиот крал Фелипе: Ситуацијата во Каталонија е многу сериозна

По денешните масовни протести во Барселона, шпанскиот крал Фeлипe шестти се обрати на својот народот, два дена откако беше одржан референдум за независност во Каталонија. Тој нагласи дека ситуацијата  е „многу сериозна“.
Кралот наведе дека каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“, а воедно констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија и рече дека силно го поддржува Уставот и единството на Шпанија.
Главниот град на Каталонија, Барселона, беше целосно блокиран од генералниот штрајк поради насилната полициска акција во неделата, кога беше одржан референдумот. Околу 300.000 луѓе излегоа на улиците, а низ Каталонија беа блокирани автопатите и училиштата беа затворени. Штрајкот беше најавен откако шпанската полиција насилно се обиде да ги затвори гласачките места за време на референдумот за независност на Каталонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top