Новата ера значи намалување на невработеноста под 10 проценти во Македонија. 6,7 или 8, но под 10 проценти.
Новата ера значи намалување на сиромаштијата за ¾.
Новата ера значи двојно намалена невработеност кај младите, и помагање н анив да дојдат до сопствен дом.
Новата ера значи 4% раст на БДП годишно во просек во наредната декада.
Новата ера значи два ипол пати поголем приход по глава на жител во просек, односно од 5.000 на 12.000 долари по глава на жител просечно во Македонија до крајот на наредната декада. Два ипол пати повеќе пари за трошење од колку сега.
Новата ера значи најниски даноци во светот, тие и сега ги имаме, но најавија и јасно кажаа дека планираат да ги зголемат. Да ќе ги зголемат, но не за долго, за кратко ќе биде тоа, затоа што ќе дојде новата ера и Македонија повторно ќе има најниски даноци во светот.
Новата ера ќе значи многу повеќе пари за иновации, за оние кои сакаат да започнат бизнис заснован на иновација, поддршка на секој што има идеја за нова иновација, поддршка на претприемништвото.
Новата ера значи издвојување на најмалку 6% од бруто домашниот производ за образованието, за финансирање на образованието, за зголемување на платите во образованието и овозможување на поквалитетно основно и средно образование.
Новата ера значи големи вложувања во екологијата- во паркови, во игралишта во секое маало, во зеленило и во се што ја подобрува животната средина.
Новата ера значи Македонија која од нето увозник ќе стане нето извозник на електрична енергија, преку изградбата на нови капацитети за производство на електрична енергија.
Македонија во која функционираат интелегентни и одржливи градови и Македонија во новата ера во која не треба веќе да има неасфалтирани и неосветлени улици до крајот на следната декада, истакна Груевски и додаде:
„Тоа е новата ера, тоа се дел од работите кои ги имаме во новата ера. Тоа се 13 точки од новата ера, од новата визија, од новото утро. 13 точки за број 13 на овие избори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст