| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена голема тајна: Зошто заложниците на џихадистите се мирни пред егзекуција?

Некои шпекулираат дека заложниците се согласуваат да бидат така егзекутирани, само за да не бидат измачувани до смрт, меѓутоа во интервјуто за "Sky News", еден поранешен припадник на Исламската држава тврди дека причината е нешто сосема друго

Многумина се сомневаат во автентичноста на видео снимките на кои што џихадистите им ја отсекуваат главата на нивните заробеници или ладнокрвно им пукаат во глава, но едно е јасно – сцените се прилично морничави и предизвикуваат страв и гнев кај луѓето.

Еден од деталите кои што најмногу привлекува внимание кај овие монструозни снимки е неверојатната смиреност кај заложниците кои што практично ја чекаат својата смрт. Многумина се прашуваат зошто заложниците се толку мирни и практично се согласуваат да бидат дел од џихадистичката пропаганда кога знаат дека секао ќе бидат убиени.

Некои шпекулираат дека заложниците се согласуваат да бидат така егзекутирани, само за да не бидат измачувани до смрт, меѓутоа во интервјуто за “Sky News”, еден поранешен припадник на Исламската држава тврди дека причината е нешто сосема друго.

Имено, тој открива дека заложниците се смирени затоа што и претходно биле ставени во иста ситуација, биле снимани, но не биле егзекутирани. Поранешниот припадник на ИСИС кој што се претстави како Салех, раскажува дека пред „вистинското погубување“, заложниците биле одведувани на лажни егзекуции.

Тие ќе го снимеле заложникот, ќе го кажеле пред камерата тоа што требало да го кажат и ќе се врателе во ќелијата. И самиот Салех ги убедувал неговите заложници дека нема да бидат убиени, само за тие да останат смирени.

Ова е прв пат шпекулациите за „лажните егзекуции“ да бидат потврдени од некој кој што учествувал во целиот „процес“.

„Њујорк тајмс“ минатата година првпат објави дека постои можност да се случува такво нешто и открија дека новинарот Џејмс Фули бил меѓу заложниците кои што минувале низ тој ужас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top