| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски: Ќе се дислоцира индустриската зона за да се намали загадувањето во Гази Баба

За општина Гази Баба подготвивме 471 проекти кои се однесуваат на сите населени места во општината, а направени се во комуникација со граѓаните и она што ним им е приоритетно, вели во вечерашното отворено студио на Телевизија Нова, актулениот, но и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски.

Ќе се работи на тоа индустриската зона од општина Гази Баба постепено да се префрлува на периферијата, за да се намали загадувањето на воздухот. Екологијата ни е врвен приоритет, подобрување на условите од аспект на комунална и патна инфраструктура. Исто така, како што во минатото беше, така и во иднина најважни ни се најмладите, односно згрижување во градинки и подобрување на условите во основните училишта – вели Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top