Сецесиониситчките движења во Европа се стари колку што се стари и националните држави кои со време се обединиле во политички атомизираната Европа од некои минати столетија. Но, прво со распадот на СССР, па на Чехословачка и потоа на СФРЈ, во Европа се афирмираа сепаратистичките движења кои постоеле дотогаш едвај во главите на еден грст луѓе во регионите по Европа.
А потоа почна да се тркала: Шкотска и референдум во 2014, Британија и Брегзит, на крајот Каталонија, но во Европа има уште многу сепаратистички места во ЕУ. Косово не го признаваат уште само мал број држави, Северен кипар, Република Српска, се сонува и за ХЗ Херцег Босна, Донбас, Луганск, Трансдњестар, Крим, Апхазија, а сецесионистички тенденции по Кавказ имаат конкретен потенцијал за избивање војна или веќе се водат војни.
Шкотска, Каталонија, Венеција, Белгија, расцепувањето на Валонија и Фландрија, на такви места е тешко да се замисли дека може да букне нешто посебно, но сите движења имаат потенцијал сериозно да ја наруши политичката статика на националните држави во кои се наоѓаат сега, дури и на ЕУ.
Низа движња се чист романтизам; Корзика, на која до пред десетина години имаше сериозни терористички испади, Сицилија, Сардинија, Бретања, Нормандија, Велс, Корнвол, Ман, Моравија, Корушка, Баварија, Војводина, Паданија, Лигурија, Јужен Тирол, Истра и Ријека, Елзас, Ломбардија, Фарски Острови, Шетланд, Балеар, Азор, Аланд, Шлеска….
Движења на минорни политички групи, кои бараат осамостојување или барем поголема автономија има во 26 европски држави: Албанија, Азербејџан, БиХ, Чешка, Данска, Финска, Франција, Грузија, Германија, Италија, Косово, Македонија, Молдавија, Холандија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија, Украина, Велика Британија. ВО нив има дури 106 сецесионистички или автономистички движења, па речиси нема земја во Европа во која нема движење кое сака отцепување.
Во светот, од Запад преку Африка и Латинска Америка до Азија, таквите процеси се нарекуваат балканизација,
Картата ја изработи Банката на Америка „Мерил Линч“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


