| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар беснее во близина на Кичево

Голем шумски пожар беснее во Kичевско, под врвот на планината Добра Вода. Теренот е непристапен, а огнената стихија се шири со голема брзина.
Портпаролот на Општина Кичево, Емин Насуфи, информираше дека во тој регион гори сува трева и оти припадниците на противпожарната единица од Кичево заедно со претставници од јавното шумско претпријатие „Лопушник“ се обидуваат да го изгаснат огнот во тој регион.

Теренот е непристапен и ќе останаат таму се додека е потребно, а во зависност од ситуацијата не е исклучено да се побара и интервенција на противпожарни авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top