| четврток, 6 декември 2018 |

Не му е лесно – Амиџиќ проговори за болеста

Српскиот ТВ водител Огнен Амиџиќ во едно интервју неодамна, меѓу другото, зборуваше и за болеста која му е дијагностицирана неодамна.

Веднаш штом почувствувал дека нешто не е во ред, тој посетил лекар кој открил дека Огнен се наоѓа во преддијабетска состојба, односно дека има пореметување на метаболизмот. Пред да оди на лекар, Огнен постојано бил изморен, му се спиело и се чувствувал гладен дури и откако ќе се најадел.

„Не е ништо страшно. Поголем проблем им претставува на жените кои сакаат да останат бремени. Пијам лекови на природна база, го сменив начинот на исхрана и веќе се чувствувам подобро“, рече Огнен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top