Кога дојдовме во Владата во 2006 година, во Ѓорче Петров имаше се на се 4.300 вработени, на крајот на минатата година дупло- 8.600 вработени лица. Е тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Тие работни места не паѓаат од небо, туку ги направил некој, некој создал добра клима. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, ветува и реализира, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на големиот митинг во Ѓорче Петров.
–Овде во Ѓорче Петров се завршија многу работи- се реконструираа многу улици, се изградија три кружни текови, во Ѓорче се градат улици, се изгради и пушти во употреба современа пречистителна станица, се изградија две спортски сали, три повеќенаменски игралишта, фудбалски игралишта, еден двоен тениски терен, се отворија 3 градинки… Ние друг дом немам. Тогаш, ајде заеднички, сложно и со здружени сили да го направиме овој во кој опстојуваме, во кој се родени нашите деца, да го направиме подобро место за живеење. Македонија има сила, а силата сте вие- народот. Гордо, со крената глава чекориме напред. Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобри резулатати за нашата Македонија.
За Ѓорче Петров, додаде Груевски, во наредните 4 години подготвени се многу работи и од двајцата и од Владо Мисајловски Кендо и од Коце Трајановски.
–Двајцата подготвија програми во кои детално е напишано се што планираат, а познавајќи ги знам дека ќе изненадат со нешто непланирано, а добро и корисно за народот. Во нив се ветува асфалтирање на 100 улици на целата територија на општина Ѓорче Петров. Нема веќе да има неасфалтирани улици. Ветуваме финално довршување на изградбата на канализационата мрежа во Волково, Кисела Јабука и Стопански Двор. Во Ѓорче Петров ќе има нов модерен парк, ветуваме и изградба на 2 нови детски градинки- едната во Волково за 100 деца и другата во Ново Село за најмалку 80 деца. Планирана е и изградба на повеќе спортски содржини, паркови, детски игралишта, игралишта за баскет во речиси сите населби и населени места, а општината и финансиски ќе го подржи фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, се предвидува реконструкција на постојните и изградба на нови паркинзи, бесплатен интернет на собирните места, ќе се изградат кружни текови во соработка со Град Скопје, поврзување на рекреативната патека од Хром до Нерези… Гаранција за сето ова е ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Коце Трајановски.
Голема загуба за Македонија, рече Груевски, е што Владо Мисајловски во моментов не е министер за транспорт, но голема добивка за Ѓорче Петров е што ќе биде градоначалник.
–Го знаете Кендо, израснат во Ѓорче и неговото семејство е од оваа општина. Кендо знае како се гради и верувам дека како градоначалник ќе направи многу. Заедно со советничката листа, ќе биде победнички тим- спој од младост и искуство. Во Ѓорче Петров пораснав и имам одлични спомени. Денес Ѓорче, како и другите општини се менува и ќе се менува и ќе оди кон подобро. Верувам дека со Владо Мисајловски, Коце Трајановски и нивните тимови ќе се оствари целата програма и ќе се решат проблемите. Пред нас се локалните избори, исклучително важни за иднината на Македонија. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината. Победуваме и продолжуваме со зацртаниот план, со стратегијата, со новата ера. Секогаш со работа, секогаш за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст