| четврток, 6 декември 2018 |

Хипоспадија – болест која мачи многу момчиња но ретко кој бара помош!

Еден од 300 млади момчиња се раѓа со хипоспадија, вродена мана на пенисот, при која мочниот канал (уретрата) се наоѓа надвор од главичката.

Иако ова ги мачи голем број момчиња, ретко кој отворено признава дека има проблем. Мочниот канал при оваа состојба, наместо да се наоѓа на средината, се наоѓа во близина на коренот на пенисот, а понекогаш поради ова пенисот е свиткан, со што се оневозможува стоечко уринирање.

Мажите кои патат од  оваа состојба најчесто имаат многу мали пениси, што им предизвикува траума, како во детството, така и во зрелото доба, кога доаѓа време за сексуални односи.

Овој проблем денес лесно се третира, иако мажите ретко се одлучуваат да се обратат на лекар за помош. Додека во минатото лекарските интервенции кај пациентите предизвикувале ужасни болки, блокада при уринирањето, а понекогаш минувале е неуспешно, денес со модерни техники овој проблем може хируршки да се реши релативно лесно и безболно.

извор: нмд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top