| четврток, 6 декември 2018 |

Програма скроена според потребите на ѓорчепетровци: Мисајловски вети реални проекти

Програмата на канидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општината Ѓорче Петров, ѓорчепетровецот Владо Мисајловски – Кендо, е сработена по средбите со граѓаните, чии барања ги сослушал на терен. Поранешниот министер за транспорт и врски им вети на граѓаните дека постојано ќе биде со нив и дека ќе ги решава сите проблеми за Ѓорче Петров, не само за избори.

Ќе започнам уште веднаш со асфалтирање на преку 100 улици во сите населени места. Заедно со Коце Трајановски ветуваме дека ќе изградиме нов кружен тек на булеварот „Македонска војска“ и улицата „Ѓорче Петров“. Ќе ги реконструираме улиците Геров и Волковска, Ѓорче Петров и Борис Сарафов, како и главната улица во Волково. Додека бев министер за транспорт ја започнав изградбата на канализациона мрежа во Волково, со градоначалникот Сокол Митровски. Почнавме со градба, но за жал, прекина. За се нешто има проблем со сегашната власт, проблем е што треба да сработат. Јас ветувам дека тоа ќе биде завршено со мене. Тоа им го ветивме на граѓаните. И да го сопрат, ние ќе го завршиме. Ќе изградиме и пумпна станица и резервоар и трајно ќе го решиме снабдувањето со вода во високата зона во Ѓорче Петров. Ќе изградиме колектор за фекални и атмосферски води долж улицата Радушка, систем за наводнување во Ново Село и Бардовци преку чистење на каналите на река Лепенец заедно со градот Скопје, порача Мисајловски од митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија што се одржа вечерва во ѓорче Петров.

Тој посочи дека после 15 октомври ќе се обнови уличното осветлување во цела општина.

Во следниов период Ѓорче Петров ќе се гордее и со нов, модерен парк, најубав во градот Скопје. Ќе се изградат две нови градинки, една во Волково и една во Ново Село. Ќе се реконстриураат постоечките градинки за ниту едно детенце да не чека. Ќе изградиме парк во секое маало, баскет игралишта, игротека во секое маало, термини за бесплатно користење на сите спортски капацитети. Предвидовме финансиска поддршка за клубот Македонија ѓорче Петров, но и сите останати спортски клубови што гравитираат, со посебен фокус на младите и талентирани спортисти, рече Мисајловски.

Тој вети дека ќе понуди урбанизација на нова населба, каде младите ќе можат да градат куќи на земјиште чија цена е едно евро за метар квадратен. Порача дека нема да дозволи локација за мигранти, туку за млади брачни парови од нашата земја.

Продолжува и гасификацијата започната со владата на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека сака да ги асфалтира сите улички, но дека ќе се почне со подземна инфраструктура.

Мисајловски рече дека како министер и директор сработил многу заедно со власта на ВМРО-ДПМНЕ, но им порача на ѓорчепетровци дека чувствува сега голема одговорност и целото негово искуство ќе го стави на располагање токму на нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top