| четврток, 6 декември 2018 |

ЈП Водовод: Марин не знае што зборува кога зборува за водоснабдувањето во Аеродром

Сакаме да демантираме неколку погрешни информации, кое беа дадени од кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром Златко Марин, во емсијата ‘Само вистина’, на Канал 5 телевизија, која беше прикажана вчера 02.10.2017. Господинот Марин во повеќе наврати покажува елементарно непознавање на водоводната мрежа во општината, состојбите во општината и локалната самоуправа или намерно, со предумисла ја злоупотребува темата за ситни политички поени, се вели во денешната реакција на Јавното претпријатие Водовод и канализација која во продолжение ја пренесуваме интегрално.

Во врска со водоводната мрежа на територија на Општина Аеродром во продолжение Ве известуваме за следново:

1.Со одлука на Град Скопје во 2007 год. беше направена корекција на цената на водата, во насока на реконструкција на дотраената поцинкована и азбест цементна мрежа и за таа цел ЈП „Водовод и канализација“ Скопје  (во својата инвестиционата програма започнувајќи од 2007 год. секоја година предвидува средства за Реконструкција и замена на водоводни цевки (азбест-цементни и поцинкувани).

Предмет на реконструкција на постоечката водоводна мрежа  (на територијата на Град Скопје а тука спаѓа и О.Аеродром), за која издвојуваме средства се: поцинкуваните цевки, азбест – цементните цевки (салонитни), дуктилно лиено – железните цевки, на кои имаме зачестени дефекти, односно со еден збор предмет на реконструкција се цевководи со несоодветен профил и материјал.

Затоа Ве известуваме дека по тој основ  од 2009 па сѐ до сега, на територијата на О.Аеродром реконструирани се :

2009-2012 год……………….  ƩL=13.280,90m            ƩК=109.333.191,15 ден.

2013-2017 год.  ………         ΣL=4 654,00 m            ΣК=  34.477.815,50 ден. односно

ΣL= 17.935м =17,93 км =  18 км    чие чинење изнесува

Σ К=143.811.006,60 ден = 2.338.390,00 € (евра)

Овие бројки за инвестиции, се само од сопствени средства на ЈП Водовод и канализација – Скопје, а плус инвестиции во мрежата има од страна на Град Скопје и Општина Аеродром, кои исто така континуирано инвестираат во мрежата.

2. ЈП „Водовод и канализација“ Скопје исто така изготвува проект за нов довод на вода за високите зони на О. Аеродром, со што ќе се овозможи уште еден втор цевковод, преку кој ќе се храни со вода мрежата на територијата на  О. Аеродром, која припаѓа на т.н. висока зона, со цел  да постои  континуиран  доток на вода до жителите од т.н. висока зона, во случај на дефект или било каква интервенција на истите.

3. Што се однесува до прекините во водоснабдувањето, кои се јавија во изминатиот период, за кои реагираат токму  жителите на т.н. високата зона на О.Аеродром, ќе напоменеме дека истите се резултат на тековните реконструкции и инвестиции на постоечката водоводна мрежа, од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел подобар водоснабдителен систем во Општина Аеродром.

4. Што се однесува до изјавата на кандидатот за градоначалник за О.Аеродром, Златко Марин дека во неговата изборна програма предвидува целосна замена на постоечката водоводна мрежа, сакаме да Ве известиме дека на територијата на О.Аеродром  постои изградена водоводна мрежа во должина од

ΣL =160 784,00 м  = 161 км, со различни профили од  Ø50 мм до Ø 1200мм, што значи дека за да се пристапи кон целосна реконструкција на истата, потребни ќе бидат финансиски средства во износ од цели 30.000.000 € (евра).

Пресметката е направена на основ на ориентациона цена, за изведба на соодветен профил на водоводна мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top