Кандидатот за градоначалник на општина Велес, Славчо Чадиев во денешното гостување во Телевизија Алфа истакна дека ја води најтранспарентната општина во Репубила Македонија.
-Тоа се потврди и оваа година. Убедливо најтранспарентна општина помеѓу сите општини, и помеѓу сите министерства. Истовремено, велам дека со чист образ, со крената глава, бидејќи она што го ветивме на граѓаните го исполнивме. Во предизборието 2013. Година ветивме 117 проекти и во овој период успеавме да оствариме повеќе од 370 проекти. Граѓаните на Велес го знаат ова, бидејќи Велес е еден од ретките градови каде градоначалникот секоја година во пресрет на новата година дава отчет на тоа што сработил во изминатите 365 дена, истакна Чадиев и додаде дека она што го ветиле како локална самоуправа го оствариле, како и оти тоа што го ветуваат – повторно ќе го остварат.
-Во овој момент, со последните информации бројот на невработени во општината е 3.200 лица. Да напоменам дека до пред три месеци тој број беше 3.000, можам да констатирам дека во последните три месеци е зголемен за 210 луѓе, а тоа значи дека околу 3.200 луѓе бараат работа преку Агенцијата за вработување, потенцира Чадиев.
Основата на неговата програма како во минатиот мандат, така и во следниот, доколку го добие, ќе биде отворањето на нови работни места.
-Ние сме силно посветени за обезбедување на нови работни места. На стварање услови за нови работни места. Да напоменам дека Велес е можеби единствената општина што со сопствени средства изгради комплетна Индустриска зона по сите стандарди. Истата индустриска зона ја понуди на продажба и комплетно ја продаде. Тоа значи дека сме поволна бизнис дестинација. Впрочем, ние тоа го манифестиравме, не само во Македонија, туку вон границите на Република Македонија, на Балканот и во Европа, нагласи Чадиев.
Во индустриската зона во моментот работат повеќе од 500 велешани.
Чадиев појасни дека во Велес во моментот има околу 16.000 домаќинства, а оти во градот има 11.000 возила од различен вид.
-Ние во изминатиот четиригодишен период обезбедивме нови 560 паркинг места. Градевме паркинзи на разни делови во градот, успеавме да обезбедиме солиден број на паркинг места. Меѓутоа, на градот му фали една катна гаража. Таа гаража ја имам јас веќе во програмата што ја понудив пред граѓаните и што со задоволство ја коментираме со нашите сограѓани при нашите средби. Таа катна гаража ќе биде во близина на автобуската станица. Катна гаража со 200 паркинг места, на два ката. Со тоа дефинитивно ќе го растеретиме паркирањето во строгиот центар, посочи Чадиев.
Напомена дека во таа катна гаража нема да се наплаќа паркинг просторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст