Централниот регистар потврди дека Фирмата АФИОН и деловниот имот во вредност од околу 800 илјади еврае во целосна сопственост на кандидатот Аце Коцевски.
Во исто време, „свиркачите“ денеска го продолжија скандалот со нова серија документи.
Фирмата АФИОН и деловниот имот во вредност од околу 800 илјади евра во индустриската зона во Велес, е во целосна сопственост на кандидатот и поранешен градоначалник, Аце Коцевски. На барање на Алфа Централен регистар го потврди токму ова – пред два дена објавено од свиркачи на интернет – дека тој е сопственик на милионскиот имот, а не скромен човек каков се претставува во кампањата.
-Коцевски вчера во телефонски разговор ни рече дека се е лага и измислица и револтирано одби официјално да коментира. Ни се закани и со тужба доколку како медиум, како што рече, објавуваме лаги. Документот од Централен регистар во кој тој стои како сопственик и основач, всушност го демантираше демантот на Коцевски. – јавува Алфа.
„Во врска со Вашите прашања, Ве информираме дека согласно член 9 од Законот за даночна постапка , сите информации и податоци чие доставување може да има штетни последици и кое може да претставува повреда на доверливоста на даночната постапка, не се предмет на комуникација со јавноста и имаат третман на даночна тајна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.