Набавка на 20 нови двојни (хармоника) електрични автобуси, кои се еколошки и не го загадуваат воздухот најави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски.
– Досега реализиравме голем број проекти поврзани со модернизација на јавниот превоз, а најважниот проект беше набавката на 300 нови автобуси за ЈСП Скопје. Ќе продолжиме во оваа насока и за таа цел предвидуваме неколку мерки за модернизација на возилата на сите кои учествуваат во системот на јавниот сообраќаен превоз во Скопје. Првата мерка е набавка на 20 нови двојни (хармоника) електрични автобуси, кои се еколошки и не го загадуваат воздухот, рече Трајановски.
Со втората мерка, како што појасни, првпат ќе ги вклучиме и приватните превозници во автобускиот сообраќај, каде ќе доделуваме до 10 илјади евра за купување автобуси со ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард или поставување уреди на гас во автобусите.
– Со третата мерка ги опфаќаме и авто-такси превозниците во Скопје, каде ќе доделуваме субвенции во износ до 3.000 евра за купување на електрични возила. Со реализацијата на овие проекти сметаме дека ќе добиеме модерен и еколошки јавен превоз во Скопје и оти сериозно ќе го намалиме загадувањето на воздухот, истакна Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст