Дури 68 отсто од анкетираните високообразовани кадри во Македонија би ја напуштиле земјата доколку им биде понудена работа во странство, а 20 отсто веќе имаат преземено конкретни активности за напуштање на држвата.
Ова денеска го изјави проф. д-р Мишо Докмановиќ од Правниот факултет во Скопје, кој ја презентира анкетата на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Швајцарскиот центар за експертиза во општествените науки од Лозана. Појасни дека анкетата е со цел да се види потенцијалот за „одливот на мозоци“ од кадрите што се создаваат во општествените науки во државата.
– „Одливот на мозоци“ не е исклучиво фокусиран во медицината, техничките науки, ИКТ секторот… се јавува нов потенцијал за „одлив на мозоци“ во областа на општествените науки, нагласи Докмановиќ.
Тој нагласи дека анкетирани биле највисоко образованите, универзитетски професори, истражувачи, асистенти, во најголем дел од 45 до 60 години и од 31 до 45 години. Вклучени биле правни, политички, економски науки, психологија, а анкетата била испратена на државните и приватните универзитети, и во реномирани истражувачки институти или здруженија на грѓани кои се занимаваат со истражување во општествени науки.
Фактори кои влијаат на ова, како што рече, се отсуство на средства за финансирање на истражување, поголемиот број можности во странство, подобриот животен стил…Повеќе од 70 отсто од испитаниците би заминале во земјите на ЕУ, САД и Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст