| четврток, 6 декември 2018 |

По судбоносното „ДА“, Каролина објави нова среќна вест на социјалните мрежи

Го изговори судбоносното „Да“, заплови во брачните води, а по тој голем и значаен повод во животот, со саканиот Михаил направија свадбена церемонија поразлична од сите останати.

Познато е дека поп-пејачката кога станува збор за приватноста, не толку често сака да ја изнесува во јавност, но овој пат преку социјалните мрежи таа реши на својата сестра да и го честита роденденот и да напише дека денеска е уште еден повод за радост и среќа.

-Денес уште еден повод за радост и среќа, на мојата „мала“ сестричка роденден, напиша таа во описот на фотографијата каде Сандра позира во елегантно свадбарско издание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top