| четврток, 6 декември 2018 |

Осум работи во Саудиска Арабија кои жените не можат да ги прават без дозвола од маж

Во последните неколку години направени се многу реформи за жените жители на Саудиска Арабија. На пример, во 2015 година на жените им се дозволи да гласаат дури и на општинските избори. Благодарение на овие избори, 17 жени биле назначени во Консулативниот совет. Во 2016 година, 4 жени ја претставуваа Саудиска Арабија на Олимписките игри. Сега конечно, овие жени имаат право да полагаат за возачка дозвола и да седнат зад волан.

Иако ова е голем чекор во вистинската насока, постојат многу важни одлуки кои жените од Саудиска Арабија немаат право да ги донесуваат сами. За жал правата на жените сè уште се занемарени, и тоа во многу аспекти од секојдневниот живот.

1. Брак

Ако една жена сака да се омажи, таа мора да побара дозвола од нејзиниот машки старател. Ако пак сака да се омажи за странец, мора да добие дозвола од Министерството за внатрешни работи.

2. Право на фер судење

Жените во оваа држава сè уште немаат право на фер судење. Поради ова, сведочењето на една жена важи само половина од она на мажот во правниот систем.

3. Важен медицински третман

Пред да добие некој важен медицински третман, како операција која би ѝ го спасила животот, жената мора да донесе потпис од нејзин машки роднина или родител.

4. Старателство

Ако жена од Саудиска Арабија се разведе, таа добива старателство над детето сè додека тоа не наполни 7 години ако е машко, или 9 години ако е женско.

5. Патување

Жените обично немаат дозвола да го напуштат својот дом без нивниот старател. Исто така тие не смеат да поседуваат важни документи за патување, како пасош и лична карта без да добијат дозвола од старателот.

6. Сметка во банка

Денес жените во Саудиска Арабија можат да најдат работа на неколку места. Но, тие немаат право да отворат сметка во банка. Како резултат на ова, тие немаат контрола над своите финансиски средства освен ако не добијат дозвола од нивниот старател.

7. Слобода за облекување

Во Саудиска Арабија е илегално жените да се облекуваат за убавина. Тие се присилени да носат долга абаја (наметка која се носи врз облеката) кога излегуваат во јавност.

8. Интеракција со мажи

Жените во Саудиска Арабија може да разговараат со мажи кои не им се роднини само на ограничен временски период. Во јавноста постојат оддели за семејства, и оддели само за мажи. Жените кои се во ресторани, универзитети и слично може да седат само во одделите за семејства.

Саудиска Арабија продолжува со дискриминацијата на жените и девојките. Тоа што добиле право за возачка дозвола не значи дека имаат право за сè останато. Здружението за заштита и одбрана на женските права во Саудиска Арабија неуморно продолжува со кампањата за нивните најосновни права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top