| четврток, 6 декември 2018 |

Станков: Ќе работиме на развој на руралниот туризам

Кандидатот за градоначалник на општина Зрновци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска најави нови туристички содржини по течението на река Зрновка, како услов за развој на руралниот и полчанински туризам.

– Добар дел од проектите кои се лоцирани по кањонот на Зрновска река се однесуваат на изградбата на трип патека, на велосипедска патека во должина од 4 километри, како и оплеменување на неколку природни пештери во планинатата Плачковица. Тие ќе овозможат развој на планинарството и спелеологијата. За авантуристите ќе поставиме челични јажиња со придружни содржини, истакна Станков.

Тој најави и приомена на секундарната водоводна мрежа во Зрновци која е застарена и се губат големи количини на вода.

– Со новата техничка документација која е веќе изготвена водоводот во Зрновци ќе добие висока, средна и ниска зона, со квалитетно водоснабдување. Ќе се направи и реконструкција на Домот на културата во село Висовиште, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Зрновци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top