| четврток, 6 декември 2018 |

Нема загинати и повредени Македонци во Лас Вегас, дежурен телефон +1 102 66 70501

Согласно досегашните информации од дипломатско-конзуларните претсвавништва низ САД, нема пријави за загинати или повредени граѓани на Република Македонија во нападот во Лас Вегас, информираат од македонското МНР.

За евентуална потреба, помош или инфирмации, македонските државјани можат да се јават на дежурниот телефон во Амбасадата на Македонија во Вашингтон: +1 102 66 70501.

Полицијата во Лас Вегас соопшти дека најмалку 59 луѓе се убиени, а 527 се повредени во нападот извршен вчера на музички фестивал во Лас Вегас. Лицето осомничено за нападот е идентификуван како 64-годишен белец Стивен Педок од Невада. Педок се самоуби пред полицијата да упадне во хотелската соба од каде што пукаше врз луѓето присутни на концертот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top