| четврток, 6 декември 2018 |

Алексовски: Во следниот период ќе ја довршиме замената на азбестни цевки

ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш излегува со програма за избори и по четиригодишниот мандат дава отчет за сработеното. Во изминатиот период заменивме добар дел од азбестно-цементните цевки и ќе продолжиме со тоа, порача кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски.

Според него важно е да се дадат реални и остварливи проекти.

– Како одговорна политичка партија сите проекти и програми ги создаваме со цел на истите да се темели развојот на општината. Се што ќе го сработиме е напишано во таа програма, а патем, ќе сработиме и многу други проекти кои ќе бидат базирани на потребите и барањата на граѓаните, а произлегуваат од отвореноста. Тоа ќе бидат проекти кои во моментот не сме ги согледале, а ќе ги согледаме тековно, дека се важни за да може да се завршат. Во еден дел завршивме и со замена на азсбестно-цементните цевки, а за довршување проектот е веќе изготвен и одобрен и чека на реализација, т.е. за тендерска постапка, додаде Алексовски.

Според него, во најскоро време, општина Крива Паланка ќе се збогува со азбестно-цементините цевки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top