Урбанизацијата на Аеродром нема никаква врска со прекините на водоснабудување во високите зони во Аеродром, одговори градоначалникот на општината Ивица Коневски на обидите на опозицијата проблемот да ѝ го припише на општинската власт.
–Имам информации дека опозицијата насочува дека високата зона во Аеродром нема вода поради новите згради што се изградени. Тоа е невистина, која се базира на непознавање на локалната самоуправа. Ако водоводната мрежа нема капацитет некоја зграда да биде вклучена, ЈП „Водовод“ не дава согласност за нејзино вклучување. Целокупната водоводна мрежа во Стар Аеродром и секаде каде што имаме нови згради е целосно променета, заради тоа што општината е таа која инвестира во тој дел.
Коневски објасни дела прекините на водоснабдување во Аеродром во високата зона се должат на реконструкција на високата и ниската зона на последна „24“ во општина Кисела Вода.
-Во тој период кога „Водовод“ правеше реконструкција на водоводната мрежа на последна „24“ немаа вода не само жителите на Аеродром и Ново Лисиче, туку и жителите на Сопшите. Подоцна, се случи дефект на булевар „Србија“, за што директорот на ЈП „Водовод“ им се извини на граѓаните.
Проблемот е веќе надминат, рече Коневски, и изрази жалење што овој проблем се политизира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


