| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ќе се урбанизираат сите подрачја на Кичево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од денешниот митинг во Кичево порача дека во таа оп[тина новата ера во следните четири години со Влатко Сајкоски ќе добие многу работи кои се внесени во неговата програма.
-Ќе се урбанизираат сите подрачја на општината. Ќе се инвестира во подготовка на инфраструктурни проекти, како улици, пешачки патики, водоводи, канализации, изградба и реконструкција на училишта и градинки и други проекти за иднината на општина Кичево. Ќе се изгради голема спортска сала во Основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“. Ќе се изградат две повеќе наменски, две кошаркарски игралишта, велосипедска патека како и фитнес зона. Се ветува отворање на две нови детски градинки во Кичево, се предвидува изградба на многу магистрални патишта, посочи Груевски.
Потенцира дека ќе се работи на гасификација на општина Кичево.

-Ќе се намалат сметките за струја и греење. Ќе се подобри квалитетот на воздухот со гасификацијата, со употреба на чисти енергенси и ќе се донесат уште повеќе странски инвестиции,а ќе се охрабрат домашните. Ние си ја знаеме работата кога е прашање градбата на инфраструктура и носење на компании од сите краеви на светот. Ние ќе испорачаме одлични резултати во економскиот развој на Кичево. Ќе извршиме заштитни истражувања со конзервација на археолошкиот локалитет Кикино Кале во Кичево. Ќе бидат обновени и конзервирани повеќе фасади кои ќе придонесуваат за зачувување на старата градска архектура во Кичево. Ќе се изгради индустриска зона за прифаќање на повеќе компании. Гаранции дека ова ќе се исполни е Влатко Сајкоски, кичевчанец кој сите го знаете, честит, работлив човек, фамилијарен човек. Со многу љубов за оваа општина и за луѓето што живеат во неа. Заедно со советничката листа предводена од Валентина Велјановска каде имаме спој од искусни луѓе кои ќе работат за Кичево, за сите граѓани, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top