| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски од Кичево: Само обединети ќе можеме да одиме напред

Започнува новото движење кое ја донесе новата ера за Македонија. Ера на просперитет, напредок и исполнети ветувања, одговорност, достоинство и заедништво. Ера која ќе ја предводи оваа наша коалиција и која ќе покаже на сите и дома и надвор, на сите оправдано загрижени, дека ние можеме ДА Македонија може и мора подобро, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Кичево.

Само обединети, сложни, со меѓусебно почитување како што овој град опстојува со векови, ќе можеме да одиме напред. Оваа земја му припаѓа на народот, како што овој град му припаѓа на неговите жители. Ти си тој, секој од вас, што ќе донесе одлука и кој го има последниот збор за вашиот град, за нашата татковина Македонија. Нашата цел е да ја реализираме волјата на граѓаните и нивните соништа. Работиме само за таа цел бидејќи сме тука за да ви служиме, ние сме во ваша служба, запомнете политичарите мора да бидат во служба на народот. Делата се она што останува, делата се она што говори за секого и за неговата работа, а ние во изминатиов период остваривме многу за Кичево, порача Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top