| четврток, 6 декември 2018 |

Работеа 1.000 лица, а сега нула: Автопатот Кичево-Охрид ја покажува разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Кичево неминовно зборуваше и за автопатот Кичево – Охрид, чијашето изградба запрепре по доаѓањето на власт на СДСМ. Тој потенцира дека откако заминаа од Владата, прекинаа работите на автопатот.

До мај преку автопатот се гледаше работата на ВМРО-ДПМНЕ. Денес пак преку автопатот се гледа работата на СДСМ. До мај 1000 работници секојдневно работеа на автопатот. Сега речиси нула работници работат на автопатот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, ова е СДСМ. Извршивме реконструкција на транзитната сообраќајница Кичево во должина од 3 километри и вредност од 30 милиони денари. Се заврши и со санација на мостот Македонски Брод-Кичево во вредност од 2,7 милиони денари, рече Груевски.

Потенцира дека се реконструирани низа локални патишта, се изврши реконструкција на водоводната линија, се изгради нов училишен објект, се реконструираа училишта, се изгради спортска сала, повеќенаменско игралиште, фудбалско игралиште, се изградија станови за лица од социјален ризик и многу други проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top